Презентација на активноста

Целта на оваа вежба е заеднички да се препознаат „алатките“ што ги користат заговорниците (откривање на „тајна“, реторика, анализа на детали), како и да се истакнат аудиовизуелните механизми на конспиративните видеа (страшна музика, роботски глас, пристрасен монтаж, анализа на симболи итн.).

Препорачливо е однапред да се пронајде видео во кое може јасно да се идентификуваат елементи и аргументи на заговор, за да се олесни вежбата.

Еве неколку елементи што треба да се идентификуваат во видеото:

1 – Загрижувачка атмосфера: често се забележува присуство на роботски или мистериозен глас придружен со музика што предизвикува страв (на пр. атмосфера од хорор филм).

2 – Специјални ефекти: како и со звучната атмосфера, визуелните ефекти како цртежи, фотомонтажи или „морфинг“ (трансформирање лице) можат сами да ја сумираат теоријата и да ја направат едноставна и лесна за паметење.

3 – Добра структура и добар видео монтаж: конструкцијата често следи одредена логика, на пример започнување со историски елемент за да се даде научна димензија. Дополнително, монтажот (редоследот на сликите) исто така има значителна важност.

4 – Цитати извадени од статии или изјави: се работи за вадење на реченици од контекст од статија, репортажа или говор на некоја личност (политичар, научник итн.) за да се поткрепи демонстрацијата.

5 – Вистинити елементи што можат да изненадат: овде не се работи за де-контекстуализација на факт, туку за користење на вистински факт или слика, како на пример видеа или слики од мачки што се однесуваат чудно.

6 – Несигурни или целосно лажни елементи: меѓу псевдо-доказите за презентираната теорија, некои измислени, многу несигурни или непотврдени елементи може да се појават во демонстрацијата и така да го зајакнат ефектот на „аргументативен слој од повеќе нивоа“.

Тек на активноста

1. Пред вежбата, пронајдете конспиративно видео за актуелна тема или конкретно прашање (атентати, нов светски поредок, епидемии итн.)

2. Подготовка на просторијата: Учесниците да бидат поставени пред таблата или екранот и видеото да се прикаже со проектор. Ќе треба да им се даде задача да ги бележат елементите што се користени во видеото за да ги убедат гледачите и да го идентификуваат главниот порака (да ги препознаат алатките, формата на видеото и содржината).

3. Белешки: Учесниците се охрабруваат да водат белешки додека трае видеото за на крај да ги споделат своите забелешки и впечатоци.

4. Колективна презентација: Побарајте од учесниците да ги наведат елементите што ги препознале и дополнете со оние што можеби не ги забележале. Ова е момент кога дискусијата може да се прошири на тоа што учесниците обично гледаат на интернет: Дали веќе виделе вакви видеа? На кои теми? Дали биле убедени? Дали видеото таргетира одредена заедница, кој беше претставен како непријател? (Политичари? Банки? итн.)

Адаптација на активноста онлајн

  1. Оваа вежба може да се реализира и на далечина. Наставниците ја испраќаат по е-пошта видеото или линкот од конспиративното видео пред сесијата.
  2. Наставниците го испраќаат линкот за ZOOM конференција (или друга платформа).
  3. Младите можат да работат од далечина преку Google Drive, Framapad итн. за да ги бележат најважните елементи.
  4. Презентацијата ќе се организира преку платформата за далечинска конференција. Наставникот може да користи веб-страница за „онлајн пост-ит“ за да креира ефект на табла (пр. https://note.ly/) и да ги запише забелешките на младите. Потоа може да ја модерира дискусијата.