Презентација на активноста
Со тоа што самите ќе изработат „скала на доверливост“, инспирирана од научниот пристап, учениците учат да ги рангираат доказите според нивната сигурност. Тие ќе треба да ја анализираат секоја информација и да ги подредат доказите според нивото на доверливост – од најслаб до најнепобитен.
Цел: Да им се покаже на учесниците дека сите индикатори и докази за одредена тема не се еднакво валидни.
Дефиниција: Што е ниво на доказ?
Во науката, тоа е способноста на една студија да одговори на поставено прашање. Во областа на медиумското и информациското образование, се разликуваат неколку нивоа на докази:
1 – Индикатори (слаба доверливост) :
- Индивидуално пренесено сведоштво
- Директно индивидуално сведоштво
- Изјава на експерт
2 – Докази (силна доверливост) :
- Студија на случај која потврдува хипотеза
- Неколку студии на случај кои ја потврдуваат истата хипотеза
- Синтеза на студии
- Научен консензус
Сепак, дури и во случај на висока доверливост (научна студија, студија на случај итн.), важно е да се задржи критичкиот ум и претпазливоста кон информациите што ги користиме.
Тек на активноста
- Подготовка на вежбата: Изберете научна тема која може да биде предмет на дезинформации (пример: климатски промени)
- Подготовка на просторијата: Нацртајте „скала на доверливост“ на табла (види Прилог)
- Дистрибуирајте ги предлозите на хартија и замолете ги учесниците да ги постават на таблата според „скалата на доверливост“.
Пример за предлог:
- Научен извештај од Меѓународниот панел за климатски промени
- Мојот чичко ми рече дека „затоплувањето не е предизвикано од човечка активност“
- Научник изјавува на телевизија дека климатските промени се забрзуваат
- Претседателот на САД, Доналд Трамп, вели дека „климатските промени не постојат“
- И др.
- Корекција: По поставувањето на предлозите од учесниците, наставникот ќе направи исправка и ќе ги распореди во правилен редослед.
- Групирање на доказите: Потоа, учесниците треба да ги групираат предлозите според нивото на доказ како што е објаснето во презентацијата.
- Дискусија: Вежбата завршува со дебата за научниот пристап и критичкото размислување, и нивната улога во критичкиот пристап кон информациите (види ФИШКА 7 – Критички пристап кон информациите).
Адаптација на активноста онлајн
На Google Drive: Претставете ја скалата на доверливост и наведете ги предлозите подолу за учесниците да ги класираат. Потоа, додадете табела за нивно групирање според типови на докази.
ПРИЛОГ: СКАЛА НА ДОВЕРЛИВОСТ
Висока доверливост: ↑
Слаба доверливост: ↓


