Педагошки цели
Цел 1 : Да се обработи концептот на „дигитално граѓанство“
Цел 2 : Да се дадат конкретни примери за добри практики на интернет
Цел 3 : Да се истакнат ограничувањата на „дигиталното граѓанство“
Што е дигитално граѓанство?
Денес е тешко, па дури и невозможно, да се живее без интернет и во професионалниот и во личниот живот. Бидејќи интернетот е насекаде, важно е да научиме да го користиме на најдобар можен начин, што подразбира поголема контрола и подобро разбирање на нашиот дигитален живот.
Дефиниција : Дигиталното граѓанство ја означува начинот на кој интернет-корисниците се однесуваат и комуницираат онлајн. Тоа е суштински однесувањето што го усвојуваме при нашите онлајн комуникации со други корисници за чувствителни социјални или политички теми. Правата и обврските што ги имаме во реалниот живот се идентични и на интернет. Нашето однесување и нашите интеракции исто така ја дефинираат сликата што другите ја имаат за нас на интернет. Сепак, начинот на кој се однесуваме онлајн не се сведува само на нашите објави, туку се однесува и на тоа како ја заштитуваме нашата приватност, било да станува збор за лозинки, локација или нашата дигитална историја.
Затоа дигиталното граѓанство нè повикува да имаме критички поглед кон нашиот однос со интернетот и начинот на кој го користиме, особено во однос на личните информации што ги споделуваме, понекогаш и несвесно.
Добри дигитални практики
Дефиниција : Терминот „добри практики“ се однесува и на тоа како треба да се однесуваме за интернетот да биде простор на слобода и заемно почитување, но и на правилата што веб-страниците и апликациите нè обврзуваат да ги почитуваме. Всушност, многу сајтови и веб-услуги поставуваат правила што ја дефинираат дозволената употреба и правата на корисниците.
Пример : Веб-апликацијата Twitter нуди повеќе совети за користење на своите алатки: “Размислете што твитате: Вие го контролирате содржајот што го споделувате на Twitter или друг веб-сајт. Никогаш не објавувајте информации што се сметаат за доверливи и размислете пред да ја споделите вашата локација. Внимавајте на пораки што бараат лични податоци или лозинки. Ако се двоумите пред да твитнете, запрашајте се: Со кого се споделуваат моите информации? Каков тип и колкаво количество информации ќе споделам? До колку корисници ќе бидат достапни моите информации? Можам ли да им верувам на сите тие лица?”
Но апликацијата пропишува и основни правила :
“Насилство: забрането е заканување со насилство против лице или група лица. Исто така забранета е и секоја апологија на насилството. Говор на омраза: забрането е да се заканувате, вознемирувате или поттикнувате насилство против други лица врз основа на раса, етничко потекло, националност, каста, сексуална ориентација, пол, родов идентитет, религија, возраст, инвалидитет или сериозна болест.”
Затоа е корисно да се потсетува што почесто дека нашето виртуелно однесување има реални последици врз поединците, а онлајн вознемирувањето, на пример, може да доведе до трагедии во вистинскиот живот.
Од друга страна, интернетот денес претставува вистинска алатка за граѓаните. Тој овозможува подобро информирано граѓанство и попартиципативна демократија, како и многу полесен пристап до информации. Тоа е инструмент што овозможува дебата на идеи, комуникација и што може да се користи за откривање на опасности за општеството, како во случајот со „свиркачите“ кои го користат интернетот за да пријават корупција или повреди на слободите (види го филмот/документарецот “Citizenfour” од 2014 за случајот Snowden).
Одржување позитивна дигитална трага и дух
Дефиниција : Дигиталната трага е збирот на информации што постојат на интернет како резултат на нашата онлајн активност. Тоа е слика за нас, изградена врз основа на нашето однесување, објави и лични избори.
Затоа е важно да одржуваме што е можно повеќе позитивна дигитална трага! Може да водиме блог на специфична тема, да ги споделуваме нашите таленти, да снимаме видео-упатства, да собираме средства за хуманитарни цели или да учествуваме во организирање настани. Листата на можности за позитивна трансформација на нашата дигитална трага е бесконечна!
Практични активности
Евалуација
За да одите подалеку
6 практични совети за заштита на приватноста на интернет
“Citizenfour”: документарен филм режиран од Лаура Поитрас, објавен во 2014 година. Тој се занимава со откритијата на Едвард Сноуден за глобалниот шпионски скандал на НСА.


