Презентација на активноста

Во играта на улоги за кругот на информацијата, учесниците ги претставуваат различните актери кои учествуваат во создавањето на една информација :

  • актери, сведоци, новинари, уредници и аниматори-техничари.

Целта е да се подигне нивната свест за тешкотиите што произлегуваат од верното и објективно пренесување на еден факт, особено кога тој се потпира на сведоштва.

Цели

– Да им се овозможи на младите да разберат, материјализираат и идентификуваат актерите во кругот на информацијата.

– Да се стават учесниците во кожата на медиумските актери (игра на улоги).

Прво треба да се поделат учесниците во 5 групи. Секоја група ќе има улога да игра во кругот на информацијата претставувајќи ги на тој начин различните фази претставени во делот посветен на кругот на информацијата во педагошкиот лист 3.

Добрата реализација на оваа вежба подразбира дека различните групи не влегуваат во контакт пред предвидените интеракции и размени во рамките на вежбата (би било идеално да се изнесат учесниците од салата и да се внесуваат по групи).

Тек на активноста

  1. Најпрво, првата група измислува настан со јавен интерес. На пример, сообраќајна несреќа со политичка личност, протест на работници поради затворање на нивната фабрика или апсење на позната личност (пејачка ѕвезда или познат актер). По консултација настрана од другите групи, групата треба да го мимира/изведе/нацрта настанот пред втората група само.
  2. Втората група, чиј членови ја играат улогата на сведоци, само тие присуствуваат на изведбата на настанот од првата група и ги информираат медиумите.
  3. Третата група, новинарите, потоа влегуваат во сцена: нивните членови ги слушаат сведоштвата на сведоците (од група 2) и ја проверуваат информацијата со споредување на сведоштвата преку интервјуа засновани на т.н. „5W“ (When = Кога? Where = Каде? Who = Кој? What = Што? Why = Зошто?).
  4. Четвртата група, уредниците (настрана од почетокот), ги собира извештаите од интервјуата и се грижи за пишување на кратка вест (т.е. краток синтетички напис што го резимира настанот одговарајќи на „5W“).
  5. Оваа вест се пренесува на членовите на петтата група (аниматори и техничари), кои ја објавуваат информацијата онака како што им била доставена, преку аудио или видео снимање или со симулација на телевизиски дневник.

Четирите групи што ја циркулираат информацијата (од сведоци до дифузија) ќе имаат деликатна задача да пренесат информација што е најцелосна и најнеутрална можно. Сепак, може да биде интересно намерно да се попречи успешната реализација на вежбата, на пример, со тоа што еден од сведоците од втората група ќе лаже за тоа што видел или ќе измисли заговор околу настанот.

Кратката реституција на вежбата ќе овозможи да се постават следните прашања:

– Дали информацијата беше пренесена верно? Дали последната група пренесе информација блиска до реалноста на фактите?

– Кои се тешкотиите својствени за секоја фаза/функција?

– Кои се детерминантите/просторот за маневар на секоја група во врска со обработката на информацијата?

Балканскиот контекст

За оваа активност, повикајте се на тематските листови „Лажни вести (Infox)“ во делот „Да се информираме“ на педагошката страница. На тој начин обучувачот ќе располага со примери за кои информацијата била изопачена за време на кругот на информацијата.