Вештини што треба да се стекнат

  • Сум способен да покажам критичко размислување
  • Ја разбрав новинарската постапка која особено вклучува проверка на информациите
  • Сфаќам колку е важно да се валидираат изворите
  • Ја разбрав поимот „лажна вест (инфокс)“ и неговата улога во медиумската писменост
  • Сум способен да ги разоткривам замките на дезинформацијата
  • Ги познавам различните чекори на „факт-чекинг“

Прашањe за евалуација на учениците

П1 : Да се покаже „критичко размислување“ значи :

  • A : Да се критикуваат новинарите кои не ги почитуваат етичките правила на професијата
  • B : Да не се верува во информациите кои се објавуваат во традиционалните медиуми
  • C : Да не се верува во информациите на интернет и социјалните мрежи
  • D : Да се биде способен да се размислува автономно, рационално и свесно пред информација, земајќи ги предвид и намерите на авторот

П2 : Добри рефлекси кога се соочувате со информација се :

  • A : Проверка на изворите, одвојување на вистинските факти од толкувањето, споредување на толкувањата и нивно хиерархизирање со приоритет на оние што се базираат на искуство и истражување, во однос на претпоставки и верувања.
  • B : Проверка на изворите, анализа на толкувањата, валидација од трета личност, обид да се разбере што се крие зад информацијата, фаворизирање на толкувања кои се потпираат на претпоставки и верувања.
  • C : Проверка на изворите, пребарување за авторот, бројот на статии што ги има напишано на темата, бројот на следбеници на социјалните мрежи пред да се валидира неговата хипотеза.
  • D : Сомнеж во точноста и намерите на авторот, дури и ако тој се потпира на искуство и истражување.

П3 : За да се валидира еден извор, доволно е :

  • A : Да се увериме дека не потекнува од социјалните мрежи
  • B : Да се знае кој е авторот на информацијата и да му се верува
  • C : Да се открие од каде потекнува информацијата, да се провери дали е навистина лице или институција експерт за темата, и потоа да се спореди со други извори
  • D : Да се увериме дека е објавена во традиционалните медиуми

П4 : Поимите „инфокс“, лажна информација или fake news опишуваат информации :

  • A : Кои не се совпаѓаат со општите верувања на граѓаните и создаваат проблеми во јавната дебата
  • B : Создадени, фалсификувани или изобличени, намерно распространети од поединци за да манипулираат со граѓаните
  • C : Кои не можат да се проверат иако се точни
  • D : Кои се шират многу брзо од страна на интернет корисници

П5 : За да се разоткријат замките на дезинформацијата, потребно е :

  • A : Да се дозволи циркулација на сите информации и на младите да им се остави да го острат своето критичко мислење
  • B : Да се одговорат платформите и „интернет гигантите“
  • C : Да се ограничи слободата на изразување на интернет и работата на новинарите
  • D : Да се подготви населението сè почесто да се соочува со лажни информации преку медиумска едукација

П6 : Ако благодарение на факт-чекингот медиумите се борат против ширење на лажни информации, треба да се биде внимателен бидејќи :

  • A : Одредени прашања не можат да се решат само со факт-чекинг, како политички, морални или прашања на мислење
  • B : Медиумите можат преку оваа практика да шират други fake news
  • C : Новинарите не можат да проверат сите информации
  • D : Медиумите секогаш се водени од финансиски цели што влијаат врз нивната проценка

Клуч за прашалникот

  • П1 : D
  • П2 : A
  • П3 : C
  • П4 : B
  • П5 : B, D
  • П6 : A