Презентација на активноста
„Classe investigation“ е игра која им овозможува на младите учесници да ја разберат изработката на информацијата.
Конкретно, станува збор за една иммерзивна новинарска истрага во која младите се ставаат во улога на новинари.
Цели:
- Да ги разберат основите на новинарската професија и ригорозноста што професионалните новинари мора да ја применуваат за да ја проверат валидноста на информациите што ги пренесуваат.
- Да ја сфатат важноста на критичкото размислување кога се соочени со информација.
- Да бидат способни полесно да ја извршат проверката на изворите, откако сами ќе го извршат дел од новинарската работа.
На крајот, младите се навикнуваат да ја применуваат оваа постапка која многу брзо станува рефлекс. Тоа им помага да не паднат во замката на дезинформацијата.
Покрај тоа што ја поттикнува тимската работа, бележењето, синтезата и усната презентација, оваа вежба инсистира на процесот на селекција што го спроведуваат професионалните новинари пред да објават информација.
Тек на активноста
Оваа иммерзивна новинарска истрага се одвива во неколку чекори:
- Во текот на два часа, младите собираат сведоштва и документи.
- Овие сведоштва и документи се подготвени однапред од тренерот и „соучесници“ (членови на педагошкиот тим, наставници, членови на здружението…)
- Сведоштвата и документите се однесуваат на ист настан (на пример: мистериозното исчезнување на две лавчиња во зоолошка градина) но доаѓаат од различни извори (на пример: одговорната на зоолошката, сопственичката на кафулето спроти зоолошката…)
- Младите ги споредуваат овие документи за да се обидат да го разберат текот на настаните, а потоа ги испрашуваат сведоците (во живо или преку електронска пошта).
- Потоа изработуваат репортажа „во живо“ во која секој учесник ја игра улогата на новинар, додека друг го снима со паметен телефон или камера.
- Можно е потоа видеата да се објават на избрана платформа за да се подигне свеста кај други млади за овие проблематики (и да им се овозможи на младите да ја оценат сопствената изведба!).
Балканскиот контекст
За оваа активност, консултирајте ја тематската белешка „Независни медиуми“, во која е објаснет глобалниот контекст во кој земјите од Балканот сè почесто сведочат на ширење на лажни вести.


