Презентација на активноста

Опис:

Квизот е алатка за учење преку игра – не станува збор за евалуација. Вежбата треба да биде придружена, барем делумно, со едноставни и достапни прашања за да се охрабрат учесниците и да се зголеми нивната вклученост.

Оваа вежба овозможува, на пример, да се обработи концептот на „лажни вести“ преку практика пред да се дефинира теоретски, и во исто време директно да се активира нивниот критички дух.

Исто така служи и за да ги изненади учесниците во брзоплетите заклучоци кои може да произлезат од една информација или слика.

Конкретно, оваа вежба овозможува да се покренат сите видови прашања поврзани со медиумската писменост.

Цели:

– Да се поттикне усното учество, дијалогот, аргументацијата и да се зајакне теоретскиот дел од работилницата преку практична и когнитивна активност.

– Да се создаде групна динамика преку тимски дух.

– Да се донесат умешно теоретски информации за медиумскиот свет (слобода на печат, историски датуми итн.).

Тек на активноста

1/ Тренерот подготвува околу петнаесет прашања (една слајд со прашање, потоа една слајд со одговор).

2/ Тренерот ги дели учесниците во групи од 4 до 5 лица.

3/ Презентирани во форма на повеќекратен избор, ќе биде побарано од секоја група да одговори колективно, избирајќи само еден одговор меѓу повеќе понудени.

4/ За секој даден одговор, тренерот бара од секој тим да го оправда својот избор со краток и усен одговор.

5/ Тренерот го открива точниот одговор. Потоа ги бележи поените добиени од секоја екипа (да се повторува при секое прашање, броејќи по 1 поен за точен одговор).

Идеално е да се креира сопствен квиз поврзан со релевантните теми. За инспирација и/или за чувствителност на учесниците за начинот на функционирање на квизовите, постојат интернет страници, особено „quipoquiz.com“ која нуди различни категории (овде категоријата „наука или фикција“ е соодветна) и забавни квизови.

Пример за прашање:

Според вас, на кое место во светот се наоѓа Србија во рангирањето на земјите според слободата на печат во 2020 година?

  1. 2
  2. 20
  3. 71
  4. 93

Одговор: D (Србија е на 93-то место во Светскиот индекс за слобода на печат 2020. Србија продолжува да биде земја која често е опасна за новинарите и каде што лажните вести се шират многу брзо. Повеќето истраги за нападите врз новинарите се во ќор-сокак или затворени без исход.)

Балкански контекст

За оваа активност, консултирајте ги тематските листови „Лажни вести“ во рубриката „Информирај се“ на едукативниот сајт. Така наставникот ќе има пристап до бројни лажни информации за подготовка на својата вежба.