Педагошки цели
Цел 1 : Тренерот е способен да ја дефинира Медиската Едукација
Цел 2 : Тренерот ги има интегрирано вештините што треба да ги стекнат учесниците
Цел 3 : Тренерот ги има интегрирано вештините што тој/таа треба да ги стекне за да ги обучува учесниците за МЕ во најдобри услови
Дефиниција на медиумска едукација
Според дефиницијата дадена од УНЕСКО, медиумската едукација има за цел секој граѓанин да биде активен, автономен и критичен кон секој документ или медиумски уред на кој тој е примател или корисник. Оваа дисциплина се однесува на сите печатени, аудиовизуелни или електронски медиуми, без разлика на нивната технолошка поддршка (печатење, радио, кино, ТВ, онлајн медиуми, социјални мрежи, дигитални платформи). Таа не се ограничува на ниеден медиумски жанр и со тоа го покрива целиот спектар на комуникации: информативни, убедливи, забавни или пријателски.
Сеуште според УНЕСКО, медиумската едукација треба да му овозможи на секој граѓанин да ги совлада медиумските јазици и да се обучи со алатки за толкување, изразување и комуникација преку медиумите. Во овој смисол, медиумската едукација ги подготвува индивидуите да бидат одговорни граѓани, способни да придонесат за развој на демократско општество.
Така, станува јасно дека медиумската едукација е тесно поврзана со граѓанското образование. Медиумските практики на младите – идните граѓани – во голема мера го условуваат нивниот однос кон општеството, слободата на изразување и културата. Поради оваа причина, медиумската едукација овозможува да се преиспитаат стереотипите, замките на дискурсот, предрасудите или толкувањето на пораките. На крајот, оваа дисциплина има за цел да ги инспирира тренерите и младите за развој на клучните вештини за разбирање на современите прашања и да се позиционираат како активни, критички, креативни и солидарни граѓани.
Но можеби самите ученици се тие што најдобро ја дефинираат медиумската едукација. Така, еден клас кој учествувал во програмата за МЕ во Лицејот Пјер де Кубертен во Франција, ја даде следнава синтеза на своето учење: «Живееме во општество каде што одекот на светот е моментален и често погрешен. Сè се случува многу брзо, понекогаш премногу. Поради брзината на ширење на социјалните мрежи, јазот меѓу традиционалните медиуми и населението се продлабочува. Ние, младите, хипер поврзани, обично сме првите што ја примаме и потоа ја шириме информацијата. Затоа, ние треба да научиме да ги дешифрираме медиумите и вестите. Затоа, нас треба да не’ едуцираат за медиумите»
Педагошки цели на медиумската едукација
Вештини што треба да ги стекнат младите
УНЕСКО ги дефинираше 6 клучни вештини што секој млад човек треба да ги стекне преку медиумската едукација:
- Да ја разбере работата на новинарите и функционирањето на медиумите
- Да знае да пристапи до веродостојна информација и да ги идентификува нејзините извори
- Да го развие критичкото мислење и способноста за дешифрирање на информацијата
- Да се заштити од лажни вести, конспирации и говор на омраза
- Да ги совлада дигиталните алатки на разумен и одговорен начин
- Да ги разбере општествените прашања за да донесе информирани демократски одлуки
Вештини што треба да ги стекнат тренерите
Обуката на тренерите за медиумска едукација ги има следниве педагошки цели:
- Да разберат како МЕ може да им овозможи на граѓаните да станат поактивни, автономни и критички кон медиумите и другите комуникациски средства на кои се изложени
- Да разберат како МЕ помага за преиспитување на стереотипите, замките на дискурсот, предрасудите или толкувањето на пораките
- Да прифатат дека МЕ може да ги инспирира младите од различни средини да ги разберат современите прашања и да им овозможи да се позиционираат како активни, критички, креативни и солидарни граѓани
- Да го разберат развојот на медиумскиот пејзаж, да знаат да ја третираат темата на медиумите со младите и да знаат да подигнат свест за одговорно и информирано користење на „новите медиуми“
- Да ги стекнат потребните педагошки знаења за да практикуваат МЕ (насоки, клучни концепти и развој на дисциплината) прилагодени особено на младата публика
- Да развијат специфични практични активности за МЕ, за да се олесни стекнувањето на вештини од страна на младите и развојот на позитивни вежби за развивање на граѓански израз (на пример, онлајн медиумски кампањи)


