Презентација на активноста
Во оваа вежба, стажистите ја обработуваат темата за граѓанските медиуми. Тие треба да разберат самите – но секогаш под надзор на обучувачите – разликите и сличностите меѓу традиционален медиум и граѓански медиум. За тоа ќе треба да споредат, по групи, повеќе видови медиуми.
Секоја група треба да прочита и анализира медиум што ќе им го дадат обучувачите (дневен весник или линк до ТВ вести, веб-страница, блог итн.). Доколку на првата група ѝ биде доделен традиционален медиум (пр. дневен весник), втората група ќе анализира граѓански медиум (пр. блог).
Стажистите имаат право да направат брзи пребарувања на интернет преку компјутерите (а и преку своите паметни телефони).
Целта на вежбата е двете групи да соработуваат и самите да создадат дефиниција за граѓански медиум.
Потоа обучувачите можат да навлезат подлабоко во темата за граѓанските медиуми и нивното влијание врз светот на информациите.
Тек на активноста
- Подготовка на просторијата: Поделете ги учесниците по групи на компјутерите
- Стажистите треба да го анализираат предложениот медиумски материјал (печатен весник; ТВ вести, информативен сајт, блог итн.)
- Стажистите одговараат на неколку прашања
Пр. : „Опишете го медиумот: дали статиите се потпишани? Од кого? Какви информации се содржани? Како се обработени? Кои информации се приоритет? Дали има реклами? Какви? Како се претставени информациите (анализирајте ги насловите, текстовите, сликите итн.)?“
- Заедничка презентација на забележаното и создавање заедничка дефиниција врз основа на предлозите на стажистите. Одговорите на прашањата му овозможуваат на обучувачот да зборува за „граѓански медиум“
Забелешка – Дефиниција : Станува збор за медиуми, односно канали (радио, ТВ, интернет итн.) преку кои се пренесуваат информации до широка публика. Паралелно, се користи придавката „граѓански“, бидејќи авторите на овие статии и истражувања не се професионални новинари, туку обични граѓани кои имаат за цел да поттикнат дебати за специфични прашања или проблеми што ја засегаат целата заедница.
Адаптација на активноста онлајн
- Обучувачот им испраќа ZOOM линк (или од друга платформа) на младите
- Откако ќе се соберат младите, ги распоредува во „виртуелни групи“ и им доделува медиуми за анализа (со испраќање интернет линк).
- Младите можат да дискутираат благодарение на системот на „одвоени соби“ достапен, на пример, на платформата ZOOM.
- Обучувачот им испраќа линк до прашалникот (кој може да го креира онлајн, на пример на https://www.dragnsurvey.com/en). Младите одговараат, по групи, на прашалникот.
- Презентацијата ќе биде организирана преку платформата за онлајн конференции. Обучувачот може да користи веб-страница за „онлајн пост-ит“ за да создаде ефект на табла (пр. https://note.ly/), и потоа да ја модерира дебатата.


