Презентација на активноста
Цели:
- Да се провери нивната способност брзо да проверат сомнителна информација.
- Да се идентификуваат информациите што треба да бидат проверени.
- Да се запознаат со чекорите за проверка на информација или извор.
Трката со дезинформацијата е стимулативна активност бидејќи претставува игра на брзина и ги става младите во конкуренција едни со други.
Лесно изводлива, им овозможува да забележат колку е едноставна примената на мерките за проверка на информацијата.
Тек на активноста
- Формирајте групи од 3 до 4 учесници.
- Замолете ги учесниците да го прегледаат нивниот фид на социјалните мрежи сè додека не најдат информација што треба да се провери.
- Потоа замолете ги да разговараат за мерките што треба да се преземат.
- Потоа видете кој е најбрз во проверката на информацијата.
Балканскиот контекст
За оваа активност, консултирајте ја тематската белешка „Независни медиуми“ која го објаснува глобалниот контекст на појавата на лажни вести, притоа обезбедувајќи избор на независни медиуми.


