Вештини што треба да се стекнат

  • Знам што е информација и што е медиум
  • Сум способен/на да ги набројам главните медиуми во мојата земја
  • Го познавам циклусот на информацијата
  • Ги разбирам поимите „слобода на изразување“ и „слобода на печат“, како и нивната улога во едно демократско општество
  • Ги познавам главните етички принципи на новинарството
  • Ја разбирам улогата на новинарите во едно демократско општество

Прашањe за евалуација на учениците

Q1 : Во кој период се појави интернетот и новите медиуми?

A : 1970-тите
B : 1980-тите
C : 1990-тите
D : 2000-тите

Q2 : Во демократските општества, медиумите претставуваат:

A : Алатка за пропаганда за манипулација на масите
B : Контра-моќ
C : Средство за проширување на дебатата на идеи меѓу населението
D : Канал за комуникација на политички програми за време на избори

Q3 : Кој/кои критериум/и овозможува/ат една информација да се квалификува во новинарска смисла?

A : Настанот мора да се случил пред помалку од една недела
B : Настанот мора да е објавен од најмалку 4 медиуми
C : Настанот мора да е проверен и проверлив
D : Настанот не мора нужно да има јавен интерес

Q4 : Правото на слобода на изразување им овозможува на новинарите да:

A : Слободно го изразат она што го мислат
B : Истражуваат за политички лидери
C : Шират информации на социјалните мрежи
D : Објавуваат содржини што поттикнуваат дискриминација на група врз основа на нејзината религија

Q5 : Меѓу етичките правила што треба да ги почитуваат новинарите се наоѓаат:

A : Правото да се изменат некои документи или да се искористат слики за да се пренесе порака
B : Обврската да покажуваат критичко размислување, точност и интегритет
C : Правото да работат во јавна служба, институција или приватна компанија
D : Правото да ја исправат секоја објавена информација што би се покажала како неточна

Q6 : Невладината организација што е одговорна за годишното рангирање на слободата на печатот во светот е:

A : УНЕСКО
B : Црвениот крст
C : Репортери без граници
D : Лекари без граници

Точни одговори на прашалникот

  • Q1 : B
  • Q2 : B, C, D
  • Q3 : C
  • Q4 : A, B, C
  • Q5 : B, D
  • Q6 : C