1. Зошто „теориите на заговор“ се често популарни?
2. Која е разликата помеѓу мисинформации и дезинформации?
3. 👉Пријател ви испраќа фотографија на која се гледаат немири во центарот на градот, велејќи дека е направена денес. Одите на X и ја наоѓате објавена на неколку профили и споделена илјадници пати. Што треба да направите пред да повер дека е вистина?
4. Ако некој ви каже : „Бев излечен од X болест благодарение на натуропатија (aлтернативна медицина), тоа е докажано!“ или „Изгубив 10 килограми за еден месец благодарение на чудотворна диета, тоа е докажано!“ , но не презентира никакви студии или сигурни податоци, кој е најголемиот проблем тука?
5. Зошто треба да бидеме претпазливи со сликите споделени на социјалните медиуми?
6. Која стратегија често се користи во теориите на заговор?
8. Кое е погрешното расудување во оваа реченица? „Или сте за слобода на говор, или сте против демократијата.“
9. Веб-страница објавува фотографија за да илустрира војна што се одвива моментално. Кога пребарувате на интернет, откривате дека истата фотографија веќе е искористена за да илустрира различен конфликт пред неколку години. Каква манипулација е употребена?
10. Пријател ви испраќа порака: „Ако вакцините беа безбедни, зошто постојат толку многу извештаи за луѓе кои велат дека имале несакани ефекти?“ Која е логичката грешка во овој аргумент?