Презентација на активноста
Мини Квизот е алатка за учење преку игра – не станува збор за евалуација. Вежбата треба да биде придружена, барем делумно, со едноставни и достапни прашања за да им се овозможи на младите да ја прифатат темата и да ја зголемат својата вклученост.
Мини Квизот “Социјални мрежи, каде сте?” претставува забавна и колаборативна вежба во која младите се поканети да одговорат на прашања за ризиците поврзани со секојдневната употреба на социјалните мрежи.
Оваа вежба им овозможува на учесниците:
- Да станат свесни за ранливоста на интернет корисниците (особено младите) и за рефлексите кои треба да се усвојат за најдобро користење на социјалните мрежи.
- Да се набљудуваат знаењата на младите за темата и соодветно да се насочи развојот на работилницата според нивните практики и мислења. Се бара објаснување или аргументирање на одговорите или пак охрабрување на младите да дадат свои ставови за подлабока дискусија.
Цели :
- Да им се овозможи на учениците да ја применат својата граѓанска одговорност во општество на информации и комуникации.
- Да се формираат активни, информирани и одговорни “сајбер граѓани”.
- Да се поттикне одговорноста на младите во нивната дигитална употреба.
Тек на активноста
- Врз основа на листата на прашања дадена подолу и одговорите, обучувачот подготвува мини квиз. (Може да создаде дополнителни прашања/одговори со помош на педагошкиот лист 6).
- Обучувачот ги дели учесниците во групи од 4 до 5 лица.
- Презентирани како прашања со повеќе избори, од секоја група ќе се бара заеднички да одговорат на квизот.
- По секој одговор, обучувачот бара секоја екипа да го оправда својот избор со краток и усен одговор.
- Обучувачот го открива точниот одговор и ги бележи освоените поени на секоја екипа (се повторува за секое прашање со бодирање 1 поен по точен одговор).
Неколку прашања (и нивните одговори):
1- Кои се трите најкористени социјални мрежи кај младите од 13-17 години во светот? (Изберете 3 точни одговори)
- Snapchat
- Tik Tok
Одговори :
Прв е Snapchat (84 %) – 2: Instagram (72%) – 3: Facebook (38%) – 4: Twitter (30%) – 5: Tik Tok (13%). Иако Snapchat е најкористената мрежа кај младите… останатите не се напуштени!
2 – Мојот профил на интернет е…
- Мојата фотографија
- Моето име, презиме и псевдоним
- Сите информации кои ме засегаат
Одговор :
Мојот профил на интернет се сите информации што ме засегаат – Секој мора денес да управува со дигитален идентитет составен од информациите и придонесите што ги остава на интернет – На пример, внимателно избирање на информациите на профилот за да се претстави, да изгради позитивен имиџ пред другите – Дигиталниот идентитет е: кој сме, кого познаваме, што правиме, каде сме,… и уште многу информации!
3. Бришењето на Facebook профил е моментално:
- Вистина
- Неточно
Одговор :
Неточно. Профилот се деактивира, но не се брише! Facebook не се откажува толку лесно. За време на одреден период, профилот останува активен. Проверете ги условите за користење на Facebook за повеќе информации.
4. Е-репутацијата е… (Изберете 2 точни одговори)
- Она што би сакалo да се зборува за мене
- Она што пребарувачите го прикажуваат за мене
- Она што објавувам, што “лајкувам”, коментирам, итн.
- Непријатните коментари кои ме засегаат
Одговор :
- Она што пребарувачите го прикажуваат за мене
- Она што објавувам, што “лајкувам”, коментирам, итн.
Е-репутацијата е голем дел од дигиталниот идентитет. Да се знае сопствената е-репутација значи да ја знаеме сликата која ја пренесуваме, што се зборува за нас од другите. Постапката е да се побара нашето име на пребарувачи и да се погледнат резултатите. Дел од информациите се важни затоа што тешко се контролираат. Често првите резултати за вашето име нема да бидат вашите сопствени профили, туку написи што зборуваат за вас.
5. Колку години треба да имате за да се регистрирате на Facebook?
- Нема ограничување на возраст
- Треба да имате 13 години
- Треба да имате 16 години
Одговор :
За да се регистрирате на Facebook, треба да имате 13 години. Facebook го применува американскиот закон COPPA (Children’s Online Privacy Protection Act) кој забранува собирање податоци од деца под 13 години без родителска согласност. А токму собирањето на податоците е она што го интересира Facebook!


