Презентација на активноста

Цели:

  • Давање методологија за анализа на информација која ќе му овозможи на младиот човек да го оцени содржајот на една статија или објава
  • Поттикнување на учесниците да ги користат правилата на новинарството
  • Развивање критичко мислење преку поттикнување да се поставуваат прашања за добиените информации

Дефиниција: Правилото на 5 W е новинарски пристап кој им овозможува на новинарите да ја структурираат својата работа за релевантните информации да бидат добро разбрани од јавноста. Тоа одговара на основните прашања на една информација:

Who? (Кој?)

Where? (Каде?)

When? (Кога?)

Why? (Зошто?)

What? (За што станува збор?)

Овој пристап претставува критичко и методолошко обработување на информацијата, што овозможува создавање рамка за прием на информации. Затоа е корисно учесниците да можат да ги идентификуваат релевантните информации од една статија или објава на социјалните мрежи.

Тек на активноста

  1. Изберете статија за некоја информација или локален настан кој е предмет на гласини или дезинформации
  2. Сместете ги учесниците во групи од по двајца и доставете им ја статијата или објавата
  3. На посебен лист (или компјутер) учесниците одговараат на 5 W прашања со детално образложување, а ако е потребно и со проверка на изворите наведени во статијата
  4. Споредете ги добиените одговори за секое „W“, направете групна корекција и прикажете го точниот одговор на табла
  5. Повратна дискусија за вежбата и за релевантноста на примена на овој метод секојдневно

Адаптација на активноста онлајн

На Google Drive, испратете ја врската до статијата на учесниците и побарајте од нив да одговорат на 5W прашањата.