1. Која стратегија често се користи во теориите на заговор?
2. Кој психолошки механизам може да предизвика човек да гледа заговори насекаде, дури и без докази?
3. Ако некој ви каже : „Бев излечен од X болест благодарение на натуропатија (aлтернативна медицина), тоа е докажано!“ или „Изгубив 10 килограми за еден месец благодарение на чудотворна диета, тоа е докажано!“ , но не презентира никакви студии или сигурни податоци, кој е најголемиот проблем тука?
4. Што значи терминот „кликбејт“?
5. Во оваа реченица, кој е погрешниот аргумент што се користи? „Зошто да се слушаат советите на овој политичар за економијата? Тој го пропадна сопствениот бизнис!“
6. Додека скролате на X, наоѓате статија што е споделена многу пати, во која се тврди дека изборите биле наместени. Како треба да реагирате?
7. Која когнитивна пристрасност често се користи во теориите на заговор?
8. Веб-страница објавува фотографија за да илустрира војна што се одвива моментално. Кога пребарувате на интернет, откривате дека истата фотографија веќе е искористена за да илустрира различен конфликт пред неколку години. Каква манипулација е употребена?
9. Која е разликата помеѓу мисинформации и дезинформации?
10. За време на дебата, некој ви вели: „Научниците не сакаат да ја признаат вистината за глобалното затоплување, тие се платени од големите компании да лажат!“ Каква когнитивна пристрасност е во игра овде?