Презентација на активноста
Цели:
– Да им се овозможи на учесниците да ја применат новинарската постапка за проверка на факти.
– Да се оцени квалитетот и релевантноста на една информација.
– Да се постави прашањето за тешкотијата да се добие јасна информација за одредени теми.
Учесниците ќе бидат поставени во групи пред компјутери и ќе имаат неколку информации за проверка. Ќе биде потребно однапред да се подготват неколку теми за да се знае вистинитоста или невистинитоста на тие информации, но целта е тие сами да ги откријат.
Проверката може да се однесува на различни типови информации, од наједноставните – како датум на настан, содржина на закон или одвивање на фудбалски натпревар – до посложени. На пример, утврдување на бројот на невработени во Косово бара да се разгледа дефиницијата на невработеност (која варира во зависност од институциите).
Целта на оваа вежба е да им даде на учесниците улога на „истражувач“, „мини-новинар“ и да ја потврдат будноста што треба да ја применуваат секојдневно на интернет.
Тек на активноста
1 – Тренерот составува десетина информации (во зависност од бројот на младите) пронајдени на интернет или социјални мрежи, кои се лажни вести (демантирани од нивното објавување) или вистински информации што лесно можат да се проверат. Тренерот ја прави проверката однапред и ја подготвува корекцијата.
2 – Учесниците, поделени во групи од 2 или 3, извлекуваат по случаен избор 2 или 3 информации.
3 – Секојa група се поставува пред компјутери и добива информации за проверка.
4 – Потсетување на постапката за проверка на информација:
- Која е природата на сајтот каде што е пронајдена информацијата? (погледни во „правни известувања“ или делот „за нас“ на страницата)
- Дали станува збор за меѓународен информативен сајт, хумористички сајт, политички блог?
- Кој е авторот на информацијата? Политичар, новинар, експерт, граѓанин, анонимен автор? (Да се направи истражување за таа личност)
- Која е неговата цел?
- Дали сака да нè исплаши, да нè информира, да нè манипулира, да нè убеди?
- Од каде доаѓа информацијата и на кои извори/докази се темели?
- Од кога датира?
- Дали информацијата е објавена на други страници?
- Може ли да се потврди, односно да се најде на други медиуми?
5 – Презентација по групи за постапката на проверка, впечатоците на другите групи за презентацијата, корекција од тренерот.
Балкански контекст
За оваа активност, консултирајте ги тематските листови „Независни медиуми“ на едукативниот сајт. Така наставникот ќе има пристап до бројни информации за проверка за подготовка на вежбата.


